еМагазин
Image default
Македонија

Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на семејството

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири вели дека за целото времетраење на полицискиот час, ниту имал дозвола за движење, ниту кога било прекршил некоја од мерките за забрана за движење.

– Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конференција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека за целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого.

Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот, пишува Зекири на неговиот фејсбук-профил.

Тој посочува дека самиот си ја соопштил веста за заразувањето, а и дека завршила целата анкета со епидемиолозите.

– Со оглед на тоа што има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, апелира Зекири.

Претходно, лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми откако контактирал со Зекири

Има негативен тест за Ковид-19, но Царовска оди во самоизолација, имала средба со Зекири

Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се огласи Груевски: Два стана се на мајка ми, а другите два беа под закуп, нема на име на секретарка

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Левица бара да се отфрли „францускиот предлог“: Ги содржи сите негаторски бугарски барања

Редакција