Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека најголем дел од новозаболените се без симптоми или со лесна клиничка слика.
Тој додаде дека оттука, здравствениот систем може да го поднесе и овој бран, бидејќи капацитетите не се полни.
Филипче потенцираше дека кластерите во Гази Баба, Чаир, Сарај, Студеничани, Штип се под контрола и од тука во овие општини засега нема да има дополнителни ограничувачки мерки. Најголем дел од заболените биле поради семејни настани и непочитување на мерките.
Тој додаде дека ќе се следи состојбата и наредните два до три дена па ќе се донесе одлука за полициски час и карантин во Гази Баба, Чаир, Сарај и делови од Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Со корона вирусот би можеле да живееме до 2025
Во Штип ќе бидат затворени пет конфекции, 600 луѓе ќе бидат ставени во самоизолација
Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот
Стружанец на 44 години и тетовец на 54 години меѓу седумте починати од корона вирусот
Фото: Влада