На 01.06.2020 во 21.50 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци мотоцикл „балтијан“, без регистарски ознаки, управуван од Б.П.(47) од Кавадарци, удрил во ограда од куќа, информира МВР.
„Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.