еМагазин
Image default
Локално

Затвореници подметнаа пожар во „Идризово“, нема материјална штета

Двајца затвореници во затвореното одделение во затворот „Идризово“ изутринара подметнале пожар кој веднаш бил изгаснат од затворската полиција.

Како што информираше за МИА директорот на затворот, Боби Мојсовски, веднаш по пријавата на полицајците била повикана противпожарна единица, но не интервенирала, бидејќи веќе огнот бил локализиран од обезбедувањето на затворот.

-Затворениците беа сослушани од управата и од МВР и во моментов се издвоени во самица, рече Мојсовски.

Според него, нема причинета материјална штета.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, седуммина приведени

Редакција

Крвав крај на тепачка меѓу двајца во Скопје, нападнати и полицајци

Редакција

Охриѓанец наседнал на измама преку Фејсбук: Наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра

Редакција