еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот Стево Пендаровски помилува пет осудени лица

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за помилување осудени лица со која делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор пет осудени лица.

Помилувани се односно намалена им е затворската казна на Лулзим Ирфан Кадрија од с.Долно Палчиште, во траење од 4 месеци, Дејан Ефтим Пенов од с.Брајковци, Валандово во траење од 4 месеци, Самир Веселин Куртеши од Скопје, во траење од 3 месеци, Рафиз Ибраими од с.Слатино, во траење од 4 месеци и Сашо Воје Пецевски од Куманово, во траење од 5 месеци.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичката болница ќе добие амбулантно возило откако директорот побара донации на Фејсбук

Редакција

24 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Пендаровски и членовите на неговиот Кабинет ќе земат плата за јануари, најдено е решение

Редакција