еМагазин
Image default
Македонија

Штипските епидемиолози продолжуваат со тестирањето на работниците и наредната недела

Штипските епидемиолози ќе продолжат со масовното тестирање на текстилните работници и наредната недела, откако вчера се појави и уште еден позитивен случај на коронавирусот во нова конфекција со 250 вработени.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека со новозатворената конфекција во скрингот се опфатени околу 800 работници.

Тестирањето се одвива без никакви проблеми, а резултатите пристигнуваат брзо од лабораториите, па епидемиолозите имаат јасна слика и за контактите опфаќајќи семејства, пријатели на заразените. Со денешните брисови епидемиолозите за четири дена ќе имаат направено над 1.000 тестирања.

– Нашите мобилни тимови, но и тимот на пунктот во Здравствениот дом дневно земаат околу 200 брисови во Штип. Дополнително нашите тимови изминатите денови го извршија тестирањето и на вработените во детските градинки во Пробиштип и Радовиш.

За вработените во Пробиштип се пристигнати резултатите и таму имаме двајца вработени кои се позитивни на тестовите, а за вработените во градинките во Радовиш ги очекуваме наскоро, вели Димитрова.

Таа истакна дека очекуваат наредната недела да стартува и тестирањето на вработените во штипските детски градинки.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворена уште една текстилна компанија во Штип, вкупно седум конфекции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангелка Пеева Лауренчиќ можен кандидат на ЛДП за претседателските избори

Редакција

Битолчанец заразен со Ковид-19, кој се вратил од Занзибар, хоспитализиран во Заводот за нефрологија во Струга

Редакција

Управата за финансиска полиција со демант до Азманов: Не сме доставувале документи до медиуми

Редакција