еМагазин
Image default
Локално

Приведени двајца угостители во тетовско поради непридржување до протоколите за работа во пандемија

Двајца сопственици на угостителски објекти во тетовско се приведени вчера навечер откако гости се забележени во внатрешноста на нивните локали, а воедно немало поставено маски соодветно на протоколите за работа во време на пандемија.

Тие се откриени во заедничка акција на полицијата со Државен пазарен инспeкторат при што се извршени контроли на вкупно 31 објект.

„Вчера околу 23 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода З.М.(48) од Тетово, поради основи на сомнение дека не ги почитувал протоколите за работа и сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Поради сомнение дека сторил истото кривично дело, вчера околу 22 часот и 25 минути, исто така, во тетовско Одри бил лишен од слобода и С.Ф.(52) од ова село. Двајцата биле приведени во полициска станица“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата за неносење заштитни маски поднела 56 прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 63 лицa, додека вкупно биле контролирани 352 лица со вакви решенија.

Изјави за самоизолација потпишале вкупно 12 лица, а контролирани биле 73 лица со потпишани изјави за самоизолација

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение

Редакција

Тепачка по состанок во средното училиште Перо Наков во Куманово

Редакција

Жена нападнала малолетно девојче пред очите на мајката поради часови за балет

Редакција