еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Избори мора да има

Веќе нема потреба од вонредна состојба, и избори мора да има, за да се вратат сите институции во полн капацитет затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, изјави денеска во Струмица премиерот Оливер Спасовски.

-Во моменти кога не може да се договарат политичките лидери настапуваат институциите на државата. Веќе нема причина за нова вонредна состојба во државата, уредбата предидвидува дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се одржат изборите.

Сите политички субјекти ги повикувам да излезат на политичкиот мегдан и да ги соочат своите концепти за иднината на државата и на основа на тие концепти да побараат поддршка од граѓаните.

Република Северна Македонија има потреба итно да се вратат сите институции во полн капацитет и Собранието и нова политичка влада и сите институции затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, меѓутоа имаме и многу проекти кои што треба да продолжат да се градат како капитални инвестиции.

Така што, избори мора да има во државата,“ рече Спасовски, кој присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило на струмичката болница заедно со министерот за зравство Венко Филипче и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Отстапувам од петти и согласен сум изборите да се одржат на 8 јули

Заев и Мицкоски не се договорија за датум за избори

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Економските директори на клиниките заминаа во историја, Владата донесе одлука за нивно укинување

Редакција

Општина Центар: Несовеснота на родител стави 22 првачиња во училиштето „Гоце Делчев“ во самоизолација

Редакција

Четири лица биле на возраст од 20-39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19

Редакција