Неделниот билтен што го објави Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 6 до 12 јуни во Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 43 лица од Охрид, 26 лица од Струга и три лица од Дебар.
Кога ќе се анализираат последните податоци, од почетокот на епидемијата во Охрид се регистрирани вкупно 66 случаи лица позитивни на Ковид-19, што значи се потврдени четири нови случаи на коронавирусот.
Во неделниот билтен уште е регистриран и првиот смртен случај во Охрид. Вчера попладнето во болница починало лица од Охрид родено 1932 година, а направените анализи потврдиле дека починатиот бил позитивен на тестот за Ковид-19.
Со последните податоци, во Охрид моментално има 48 активни случаи на Ковид-19, во Струга 46, а во Дебар пет.
Раководителот на Центарот за јавно здравје во Охрид, Сашо Точков повторно упати предупредување до населението дека епидемијата од коронавирусот се уште трае, оттаму и апел до граѓаните на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето.
– Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење,дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање, изјави Точков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повик до верниците за празникот Св.Еразмо Охридски да се придржуваат на заштитните мерки
МИА/Фото: МЗ