еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, коментирајќи ја одлуката на авиокомпанијата „Виз ер“ да ги пролонгира летовите до Северна Македонија до средината на идниот месец.

– Како член на Кризниот штаб можам да кажам дека ја следиме ситуацијата, и согласно препораките кои ги дава Комисијата за заразни болести, ние разговараме и постапуваме по нив, и како штаб, а и во Владата.

Во моментот сè уште немаме конечен став околу отворањето на границите и аеродромите. Очекувам овие денови, штом Комисијата го постави тоа прашање на дневен ред, да се разговара на седница на Кризниот штаб, по што Владата ќе донесе одредени одлуки, доколку тие треба да бидат донесени, истакна министерот Сугарески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Визер ја продолжува суспензијата на сите летови од/до Македонија до 13 јули

ГП „Богородица“ пуштен за транзит на странци, ги враќаат од грчка страна

Странците можат да транзитираат, за македонските државјани неопходна изјава и тест за Ковид-19

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ја продолжува предистражната постапка за „Еко клуб“, фирмата која несоодветно третира медицински отпад во „Дрисла“

Редакција

Од април две нови: Од патарини лани инкасирани рекордни 46,4 милиони евра

Редакција

Продаден блок акции од Стопанска банка Битола за 33.000 евра

Редакција