Министерството за здравство информира дека во тек се последните подготовки за ставање во функција на детската болница Козле за прием на Ковид-19 позитивни пациенти.
На располагање ќе бидат 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од Ковид-19. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика.
Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста.
„Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од Ковид 19.
Во моментот во Болницата се сместени 3 дечиња сомнителни за Ковид-19, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре Болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од Ковид-19“, велат од Министерството.
Освен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, болницата „8-ми септември“ која функционира како Ковид центар, сомнителни и заболени пациенти од Ковид-19 се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид.
Веќе од утре целосно се вклучува детската болница Козле, а се подготвува и Ковид центар во Кавадарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има над 5.000 заразени со корона-вирусот
Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица
Чаир стигна до 363 активни случаи на Ковид-19, а Гази Баба до 148
Фото: МЗ