еМагазин
Image default
Македонија

Заев се огласи за „бомбите“: „Ќе го прашате Ден Дончев од каде е снимката“

Адвокатот Филип Медарски не е вклучен во ништо што е поврзано со „Дијаверум“ на никаков можен начин, ниту ангажиран како адвокат, а ниту МВР работело на такви предмети, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на прашање во врска со последните објавени аудио-снимки.

Тој посочи дека му е логично државните инситутции и нивните директори поставени од Владата да соработуваат и во својата комуникација да приложуваат докази помагајќи си едни на други.

Прашан за снимките што се појавија пред неколку часа на интернет на кои е поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев, Заев вели дека непосредно пред да се симне на прес-конференцијата ги погледнат снимките.

„Прво во недостиг на програма, во недостиг на концепт, ВМРО-ДПМНЕ манипулирало во минатото, манипулира сега и ќе манипулира во иднината со лажни вести кои апсолутно граѓаните знаат и да ги насетат. Снимката ја видов и ќе го прашате Ден Дончев да ви каже каде е таа снимка. Втората работа ја слушнав и во аудио разговорот кој е објавен.

Едно што знам, секако ќе дадам одговор откога ќе разговарам и со Ден Дончев околу деталите. Вклученост на Медарски кој се спомнува внатре, кој е мој адвокат, многу често ангажиран и од СДСМ, имало во предмет со Тотал ТВ, каде меѓу себе сопственици воделе пријави до полиција и слично и полицијата постапувала со Тотал ТВ, но секако ќе си каже и Ден Дончев, не би навлегувал во вакви лажни, манипулациски пуштања на снимки“, вели Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за Орце Камчев, Заев вели дека тој па и секој друг бизнисмен и политичар кој се огрешил пред законот мора да одговара, но дека секој е невин додека не му се докаже вината.

„Презумцијата на невиност треба да ја почитуваме сите, но кога луѓето забегуваат со пари коишто веројатно се крадени  пари, пари коишто не се стекнати со пот и труд често се проблематични во светот и во нашата земја. Затоа постојат Агенции за борба против перење на пари или Управа за финаниско разузнавање.

Затоа што парите стекнати на незаконски начин купуваат човечки души, купуваат влијание, купуваат моќ , уништуват цели системи. Затоа треба  процесите за секој да разјаснат што е  што. И апсолутно никој, вклучително Заев, Мицкоски и  било кој политичар, бизнисмен дали е тоа Камчев сите мора да бидат еднакви пред законот“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

МИА/Фото: Фејсбук/СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Лепливи раце“ објави нова „бомба“: Ден Дончев снимен како зема пари

(АУДИО) „Добар човек“ објави 11 „бомби“ за „Рекет“

Не ни требаат нови „бомби“, одамна знаеме кој е кој во македонската политика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти, а вкупно се лекуваaт 355

Редакција

1 лице од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Во тек полициска акција во Грчец и Гази Баба

Редакција