еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата на „Голден арт“ за 138.000 евра му даде да експлоатира извор на вода во наредните 30 години

Владата на една од последните седници донела одлука за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина – термоминерална вода на локалитетот „Стрновец“, Општина Старо Нагоричане на друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги „Голден арт“ ДОО увоз-извоз Скопје.

Според одлуката објавена во Службен весник, „Голден арт“ ДОО увоз-извоз Скопје ги исполнила условите содржани во јавниот повик и тендерската документација и доставила најповолна понуда.

„Времетраењето на доделената концесија од точка 1 на оваа одлука изнесува 30 години. Надоместокот за доделената концесија за експлоатација во износ од 8.500.000 денари (138.000 евра) субјектот е должен да го плати во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука.

Најповолниот понудувач е должен да го потпише Договорот за концесија во рок не подолг од 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука. Надзор над спроведувањето на концесијата ќе врши Министерството за економија.

Во име на Владата договорот за концесија ќе го потпише министерот за економија“, пишува во владината одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Приднестровие – регион во Молдавија каде би можела да се прелее војната од Украина: Анализа на Гардијан

Редакција

Најмладото на 45 години: Од Ковид-19 починале 5 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Редакција