еМагазин
Image default
Техно

Samsung официјално го претстави најбрзиот закривен гејминг монитор во светот: Odyssey G9

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd., светски лидер на пазарот за гејминг монитори*, денеска го најави глобалното претставување на Odyssey G9 гејминг мониторот на новата генерација.

G9 беше претставен на саемот CES 2020 и се приклучува на неодамна лансираниот модел G7, кој целосно го трансформира гејминг искуството со поврзување на елементите како што се: закривување на екранот за пријатно гледање, иновативни можности за интеракција и совршен квалитет на сликата.

Премиум перформансите на Odyssey серијата се потврдени од страна на TÜV Rheinland, водечка меѓународна организација за сертификација на технолошки производи, која ги оцени мониторите Odyssey како најдобри гејминг монитори со закривеност од 1000R во индустријата, доделувајќи им Eye Comfort сертификат, за гејминг искуство кое е „најпријатно за човечкото око“.

Ова е исто така првиот монитор со сертифицирана HDR10+ поддршка, која му овозможува игрите и другите содржини да ги прикаже во највисок квалитет со помош на технологијата Quantum dot и HDR1000 панелите.

Исто така, иновативниот дизајн на Odyssey G9 на саемот CES 2020 ја освои наградата за иновативност во категоријата компјутерски додатоци и аксесоари.

„По неодамнешното објавување на Odyssey G7 закривениот гејминг монитор, G9 сега се приклучува на серијата како прв dual QHD монитор со искривување од 1000R, зацврстувајќи ја позицијата на компанијата Samsung како лидер на пазарот, воведувајќи иновации со досега невидена брзина”, рече Hyesung Ha, виш потпретседател на одделението за визуелни дисплеи на компанијата Samsung Electronics.

Тој додаде дека „Samsung Odyssey G9 закривениот монитор го подигнува гејминг искуството на повисоко ниво, давајќи им на гејмерите предност во однос на конкуренцијата”.

Гејмерите сега можат да доживеат исклучителна респонзивност на командите, со најдобриот Samsung гејминг екран досега. G9, со своите 49 инчи е првиот Dual Quad High-Definition (DQHD; 5120×1440 резолуција) гејминг монитор со закривеност од 1000R. Odyssey G9 овозможува моќна комбинација на технички перформанси, вклучувајќи и време на реакција од 1ms, со стапка на освежување на екранот од 240Hz и кристално јасна QLED слика за QHD гејмниг.

Самото играчко искуство на овој монитор е квалитативно навистина унапредено со помош на NVIDIA G-SYNC® Compatibility и Adaptive Sync опцијата.

Дополнително, G9 доаѓа со футуристички дизајн и преливачки бел надворешен дел на куќиштето. Во себе содржи Infinity Core Lighting осветлување со 52 различни бои и пет светлосни ефекти кои можат да бидат активни во текот на играњето.

Samsung G9 ќе биде достапен од јуни.

За повеќе информации посетете ја displaysolutions.samsung.com.

Модел G9
Екран Големина на екранот (во инчи) 49”
Размер на страните на екранот 32:9
Вид на панел QLED закривен
sRGB покриеност 125%
DCI покриеност 95%
Закривеност на екранот 1000R
Стапка на освежување на екранот 240Hz
Време на респонзивност 1ms (GTG)
Резолуција 5,120 x 1,440 (DQHD)
HDR HDR 1000
Светлина на екранот (Макс.) 1000cd/㎡
Општи карактеристики Гејмерски опции G-SYNC Compatible, FreeSync Premium Pro
Гејмерски режим на работа Custom/FPS/RTS/RPG/AOS/Cinema/DCR
Etc. Low Input Lag Mode, Virtual Aim Point, Black Equalizer, Eye Saver Mode, Flicker Free,
Останато Interface Display Port 1.4(2 EA), HDMI 2.0(1EA), USB3.0(1UP, 2DOWN), Слушалки
Wall Mount Да (100 x 100mm)
Боја Glossy White

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смарт телефоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата.

За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апликацијата на „Виз ер“ сега достапна и на Huawei Appgallery

Редакција

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Редакција

A1 Македонија успешно ја организираше A1SecuriThink – конференција за сајбер безбедност

Редакција