еМагазин
Image default
Македонија

Кривична за полицаец од ГП Табановце кој пуштил малолетник без документи и ПСР тест

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО за ГОКК-Одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лице со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против лицето М.А. вработен како полицаец во полициската станица за гранична контрола – Табановце, осомничен дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Пријавениот на 10-ти овој месец во својство на полициски службеник за пасошка контрола на влез во државава, соопштија денеска од МВР, овозможил влез на малолетно лице А.С. од Кавадарци без да го заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а воедно не побарал приложување на негативен ПСР тест за Ковид-19 од малолетното лице односно не го упатил во државен карантин со што постапил спротивно на мерките согласно Одлуката на Владата на РСМ.

– Случајот е откриен истиот ден околу 19 часот кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при вршење редовна контрола го запреле возилото во кое се превезувало малолетното лице утврдувајќи дека тоа нема регулиран влез во државата ниту негативен ПСР тест и не е упатено во државен карантин, се наведува во соопштението.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола против полицискиот службеник М.А. поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија при МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во „намрштена атмосфера“ Владата го утврди предлог-законот за јавно обвинителство

Редакција

Европската комисија без коментар за посетата на бугарската делегација на здружението „Ванчо Михајлов“ и за условите на Софија

Редакција

Штип и Пласница бираат нови градоначалници

Редакција