еМагазин
Image default
Локално

Тројца им влегле во домот на „Дижонска“ и со пукање им се заканувале на двајца браќа

На 25.06.2020 во 23,55 часот во СВР Скопје, М.А.(39) од Скопје пријавил дека околу 23,35 часот пред неговиот дом на ул.„Дижонска“ физички бил нападнат од три лица, кои му впериле и пиштол и му упатиле закани по неговиот живот и животот на неговиот брат, по што испукале куршуми во воздух и го напуштиле местото на настанот, информира МВР.

По извршен увид на местото на настанот од полициски службеници биле пронајдени две чаури од пиштолска муниција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејна драма во Скопје: Не ги пуштал сопругата и синот да си заминат

Редакција

Во Прилеп на Бадник семејна расправа завршила со убиство

Редакција

Затвореник починал на клиника, ќе се врши обдукција

Редакција