Поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев денеска бил повикан во Полициската станица Карпош и по извршениот разговор си заминал, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
„Д.Д. беше поканет со покана за разговор во ПС Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор, си замина“, наведуваат од МВР.
Тој бил повикан да даде изјава во однос на снимките кои пред неколку дена беа објавени на Јутјуб и на кои се гледа како добива пари.
Снимките беа објавени на новоотворен Јутјуб канал заедно со уште други три аудио записи.
МИА/Фото:Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Лепливи раце“ објави нова „бомба“: Ден Дончев снимен како зема пари
Се води истрага за екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев
Директорот на ФЗО, Ден Дончев поднесе оставка, поради „приватни семејни причини“