еМагазин
Image default
Македонија

Шест новозаразени со Ковид-19 во Дебар, активни 37 случаи

Во Дебар во последното деноноќие потврдени се шест нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка од почетокот на пандемијата достигна 89 лица, од кои три се од општина Центар Жупа.

Новодијагностицирани се од земените 35 брисеви во изминатите денови од оваа недела, од кои се очекува резултат за уште 16 брисеви, бидејќи три се негативни.

Од вкупната бројка, 48 се излекувани, додека активни на болеста се 37 лица. Од нив седум се на лекување во Инфективната клиника и болницата „Осми септември“ во Скопје.

Во првата фаза од болеста ,во која беа заболени 51 лице, четворица за жал починаа, тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

Она што ја карактеризира втората фаза на болеста, кога се регистрирани новите 38 заразени, како што вели градоначалникот Хекуран Дука, кој и самиот е лекар специјалист, е нивната возраст.

„Повеќето од заразените припаѓаат на младата популација, ученици и студенти, кои манифестираат симптоми на патологија со Ковид-19, како што е висока телесна температура, грозница, болки во мускулите, а има и со тешко кашлање и тешко дишење“, рече тој.

Додава дека главната прчина за повторната појава, која секојдневно станува се позарижувачка, е непочитувањето на пропишаните заштитни мерки и протоколи од страна на граѓаните и деловните субјекти.

И Дука и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, упатуваат апел целосно да се почитуваат мерките и протоколите.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца новозаболени од Ковид-19 во општините Куманово и Липково

Новозаразените со Ковид-19 во штипскиот регион се контакти на работници од две конфекции

Во болницата во Козле хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на Ковид-19

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ново обвинение за Максим Димитриевски

Редакција

И „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ пред застарување, Груевски и Јанакиески ќе се спасат и за овој случај

Редакција

На Груевски ќе му се суди во отсуство и за „Титаник“

Редакција