еМагазин
Image default
Македонија

Уште шест слободни болничките кревети на штипското Инфективно одделение

Штипското Инфективно одделение се полни со нови пациенти заразени со корона вирусот. Во моментов на ова одделение се лекуваат 29 пациенти од Штип, но и од останатите општини од источниот регион. Остануваа слободни уште шест болнички кревети.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека тие се подготвени во секој момент да ја направат преселбата на пациентите од одделот за Неврологија на Интерниот оддел, кој е и планот Б, а го имаат предвидено уште на почетокот на пандемијата.

„Доколку деновиве имаме исполнет капацитет на Инфективното оддееление, спремни сме за неколку часа, да ги преселиме неколкумината пациенти од Неврологија на Интерниот оддел. Знаете дека одделот за Неврологија неколку години е во зградата на Инфективното одделение, со ослободување на тој дел од зградата добиваме дополнителни 15 болнички кревети“, вели Ѓеорѓијев.

Во Штип досега не е вклучен пациент на респиратор, во моментов двајцата пациенти од Штип со потешка клиничка слика се хоспитализирани на Клинките во Скопје. Штип континуирано го има во дневните здравствени билтени со нови случаи на заразени со коронавирусот. Најголем дел од новозаболените доаѓаат од фабричките кластери, а се појавуваат и контакти на работниците.

Добра вест е дека бројот на активни случаи се спушти под 200, а половина од текстилните  работници со корона вирус деновиве добиваат негативни тестови.

МИАФото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГДУ: Во МЕПСО сè е исто само фотелјите и фотелјашите се менуваат

Редакција

Негативен е тестот на медицинското лице од Гевгелија

Редакција

Конечни резултати од ДИК: Избрани градоначалници на 32 општини, во вториот круг ќе се гласа во 44

Редакција