еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Советникот на ДУИ, Усеини натепал сограѓанин: Му извади пиштол на син ми, а потоа ме тепаа по глава

Советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, нападнал сограѓанин во познат охридски хотел, а за тоа е пријавен и во полициска станица, објави А1он.

Инцидентот се случил утрово, кога Усеини прво го повикал нападнатиот Спире Топалоски во хотелот, па по кратка вербална расправија, го удирал со пиштол по глава заедно со други лица.

Топалоски за А1он вели дека случајот ќе го тера до крај, бидејќи меѓу другото, Усеини замавнувал со пишол пред неговиот 14-годишен син, кој според кажувањата, бил сведок на инцидентот.

„Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град. Инцидентот настана поради Зоре Темелковски. Јас правам куќа за четири деца, под Зоре Темелковски во Рача. Јас ја направив куќата и тој повеќе пати ме пријавуваше дека нелегално ја правам куќата, дека копам.

Јас го опоменав. Тој наводно, по ова, му рекол на Нефи дека јас сум го опоменал и ‘Да го е**м, ни Нефи, ни Мефи никој нема да те спаси’. Нефи ми се јавува мене и ми вика дојди во ‘Јуник’. Јас нормално, одам.

И тој вади пиштол на дете, 14-годишно, на син ми му извади пиштол и му мафташе во нозете. Пиштолот му падна. Кога му падна, јас тргнав да го земам.

Само што тргнав да го земам, од позади ме нападнаа уште четворица лица, брат му Ибро и уште двајца дали од Струга или Охрид, небитно. Влегов во хотелот, сакаа да ме омаловажат, ме тепаа со пиштоли. Јас таму не делував. Можев да земам и пиштол, но не делував.

Дојдов во полиција си пријавив се. Разговарав со полицијата и ми рекоа да одам до крај, бидејќи и тие нема да попуштат. И затоа решив да проговорам. Не може во сите случки Нефи да е прав. Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади.

Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден кримиалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, вели Топалоски за А1он.

Зоре Темелковски, спортски работник и татко на актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, вели дека чул дека имало караница во хотелот каде тој пиел кафе, но не знае дека имало физичка пресметка меѓу Усеини и Топалоски.

Усеини, не одговорил на телефонските повици на А1он за да каже негов став за инцидентот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Во СВР Охрид, С.Т. (41) од Охрид, пријавил дека пред угостителски објект бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за порталот.

Фото: А1он/Фејсбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од половина од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај

Редакција

Допрва ќе има препораки за граѓаните под 60 години кои треба да се ревакцинираат со „АстраЗенека“ во Србија

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник”

Редакција