еМагазин
Image default
Македонија

Допрва ќе има препораки за граѓаните под 60 години кои треба да се ревакцинираат со „АстраЗенека“ во Србија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска при примањето на кинеските вакцини изјави дека доколку не стасаат вакцините на „АстраЗенека“ до термините за ревакцинација на нашите државјани, кои со оваа вакцина се вакцинираа во Србија, со српските здравствени власти е разговарано и тие вакцини од Србија да ги донесат кај нас и тука да се спроведе ревакцинацијата.

-Зборуваме за граѓаните над 60 години кои треба да се ревакцинираат после 12 недели од првата доза. За останатите возрасни групи граѓани ги следиме препораките на некои од европските земји.

Германија на пример препорачува ревакцинација со друга вакцина, нашите стручни лица од Националниот комитет ги следат препораките и ќе излеземе и ние со соодветни препораки, изјави Филипче. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лончар понуди, но Филипче одби да ги донесе вакцините од Србија во Македонија, за граѓаните да не мора да се ревакцинираат таму

Сите вакцинирани во Србија ќе можат да се ревакцинираат во Македонија, освен оние со „АстраЗенека“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избеганиот Груевски доби адвокат од државата и за „Траекторија“, СЈО побара уште еден притвор за него

Редакција

Могерини: Клучевите на вашата иднина се во вашите раце, ЕУ е отворена за вас

Редакција

Обвинетиот Игор Југ во сведочење за „27 април“: Ме гонат тие што им вршев работа

Редакција