еМагазин
Image default
Македонија

Могерини: Клучевите на вашата иднина се во вашите раце, ЕУ е отворена за вас

Вратите на ЕУ останувааат отворени за вас. Вие сте оние кои ги имате клучевите во вашите раце. Немојте да дозволите да ја пропуштите оваа историска можност, порача денеска високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, кој попладнево престојува во Скопје.

– Запомнете, на 30 септември кога ќе одите на гласачките места да гласате за референдумот дека Вие сте тие што ги држите клучевите на вашата иднина во вашите раце. Клучевите не се во рацете на никој друг, освен на Вас. Не дозволувајте некој друг да го стори тоа за Вас. Ве молам, не молчете пред вашата иднина, неможете да ја пропуштите оваа можност затоа што Вие сте одговорни за вашата иднина. Ова не се избори, ниту е нешто поврзано со политика. Мора да бидете сигурни и убедени дека кога ќе се разбудите следниот понеделник, односно на 1 октомври дека сте направиле избор којшто ја засега вашата иднина, иднината на вашата земја и на вашите деца, изјави Могерини, која попладнево беше во Старата скопска чаршија заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Таа уште еднаш ја повтори пораката на ЕУ дека вратите на Унијата остануваат отворени за нас.

– Мора да знаете една работа, а тоа е дека само заедно можеме да постигнеме многу. Тоа е нешто на што ме потсети денес премиерот Заев во Стразбур. Што се однесува до просперитетот, безбедноста и стабилноста на целата ЕУ, вие сте тие кои ги имате клучевите за оваа иднина во вашите раце. Од наша страна сме решителни и мора да направиме се што е во наша моќ оваа посветеност да се реализира, рече Могерини.

На новинарско прашање што ќе му порача на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Могерини рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на државата, но нагласи дека демократското институционално право на глас е бесценета работа и треба да се искористи.

За премиерот Заев, перспективата за влез во европското семејство била силна мотивација да се заврши домашната работа и да се затвори спорот со Грција.  Денешниот настан и посетата на Могерини, како што рече, е уште еден знак на силна поддршка на ЕУ за нашата држава и нашиот народ.

– Сега ние, граѓаните на РМ, треба да покажеме заедништво и одлучност на претстојниот референдум на 30 септември, да донесеме одлука за Договорот, да донесеме одлука за нашата иднина. За нас перспективата за членство во ЕУ е движечки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и сила за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат. Разлики постоеле и ќе постојат. Ние ќе ги почитуваме, но нема простор за неодговорност, кога треба сите заедно да одлучиме за иднината на нашата земја и за идните генерации, рече Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсуството на обвинетиот Илија Димовски го одложи судењето за „Талир“

Редакција

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ денеска треба да ги потврдат кадрите за новата влада

Редакција

Во штипските конфекции досега регистрирани 55 лица позитивни на корона вирусот

Редакција