еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар четири нови случаи со корона вирусот, активни на болеста 44 лица

Се зголемува бројот на заразени со корона вирусот во општина Дебар, која беше прво жариште на болеста. Во изминатото деноноќие потврдени се уште четворица новозаразени, со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани се зголеми на 96, од нив тројца од општина Центар Жупа.

– Од вкупната бројка на заразени лца, 45 се од од вториот бран на пандемијата, која ни се врати на петти јуни по вкупно педесет дена. Сега посебна карактеристика е што заболените и припаѓаат на младата популација.

Од 45-те заболени, еден е излекуван, додека останатите 44 се активни на болеста, од кои пак седуммина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје, изјави градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Тој во име на штабот, кој во континуитет ја анализира состојбата и превзема соодветни мерки, повторно упати апел до сите строго да ги почитуваат мерките и протоколите предвидени од надлежните, затоа што „главната причина за повторната појава, која секојдневно станува се позагрижувачка, е токму нивното непочитување“.

Инаку, во првата фаза од пандемијата кога беа регистрирани 51 заболен, 47 од нив оздравеа додека битката со опасниот вирус ја згубија четворица.

Јавна тајна е дека голем број граѓани не ја почитуваат мерката за носење заштитна маска, што потврдува и податокот дека се зголемува бројот на изречените парични казни.

Во изминатото деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешн работи во Дебар, издале 10, а во последните неколку дена педесеттина прекршочни платни налози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има нов кластер: Четири нови случаи со Ковид-19 во Куманово

Починаа уште четири нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 306

Нови 120 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 64

Убава вест: Оздравени 123 пациенти од корона вирусот, најмногу од Куманово 92

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило Обвинителството

Редакција

Царовска без конкретен одговор дали ставот на Ахмети ќе влијае на односите во коалицијата

Редакција

(Видео) Украинците во Македонија на мирен протест порачаа конфликтот да се реши на дипломатско ниво

Редакција