еМагазин
Image default
Македонија

Османи најави можен попис после изборите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на денешната прес-конференција рече дека  добро би било, по изборите, да се почне со подготовки за попис.

„Добро е да биде постигнат целосен консензус за законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите. Знаете дека пропадна обидот за попис во 2012 година поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници.

Консензус се постигна, но не и вкупен политички консензус во Собрание за усвојување на Законот. Мислам дека ова решение што е донесено на Влада е добро и треба да се спроведе, меѓутоа би било добро сите да бидат вклучени во пописот. По изборите, би требало да почнеме со подготовки за негово организирање,“ рече Османи.

Државата нема направено попис од 2002 година. Пребројувањето на населението долго време се договара и одложува, а евентуалниот нов датум би бил април 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Во разговорите се движиме на добар пат, по изборите во Бугарија има добра шанса за договор

Редакција

Претседателката на Врховен суд, Адеми, нема да оди во Судски совет, а образложи и зошто

Редакција

Судење за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 преку пораки комуницирал со Заев и Кирацовски

Редакција