еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 преку пораки комуницирал со Заев и Кирацовски

Освен контактот на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и прво обвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски, на денешното рочиште се презентираше и “What’s App” комуникација меѓу обвинетиот Јовановски, актуелниот премиер Зоран Заев, и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Презентираните докази (разговори) според обвинителката Милица Гаврилова, се од 2017 година.

Во една од презентираните пораки кои ги читаше обвинителката, јавноста имаше можност да види како обвинетиот Јовановски, преку порака го контактира премиерот Заев, каде бара да одвои време за една средба.

„Проектот ќе биде од национално значење, ќе бидат вработени 200 луѓе. Замолувам за средба. Отворена е некоја истрага за големи пари, што е тоа”, му пишува обвинетиот Јовановски, на премиерот Зоран Заев, според презентираната порака.

На ова барање премиерот Заев, му одговара дека ќе се видат и дека МВР ќе направи истрага и оти се надева дека се е легално.

Обвинети во судскиот предмет „Меѓународен сојуз” се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела измама и перење пари, а за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ.

Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело измама.

Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, а кој денес беше отстранет од судница заради попречување на доказната постапка.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Боки 13 не му дозволија да изрази сочуство за Малиќи, татко му отстранет од судот: Судење за „Меѓународен сојуз“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Ќе се гласа за прв пат три дена, почнувајќи од утре

Редакција

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква

Редакција

Во Кичево се повеќе млади и деца заболуваат од Ковид-19

Редакција