еМагазин
Image default
Македонија

Во Кичево се повеќе млади и деца заболуваат од Ковид-19

Со појавата на британскиот сој на коронавирусот во земјава, состојбата со новозаболените од Ковид-19 во Општина Кичево драстично се влоши и секојдневно бројот на новозаболени е поголем.

За разлика од претходниот немутиран вид на Ковид-19, кога речиси да немаше млади инфицирани со овој вирус, со појавата на британскиот сој на вирусот се повеќе млади и деца се заболени од истиот, вели д-р Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница.

-Од појавата на британскиот сој на коронавирусот во земјава пред неполни два месеци, во нашата општина состојбите драстично се влошија.

Бидејќи забрзано расте бројот на новозаболени, загрижувачка е појавата што голем број млади и деца имаме заболени од овој мутиран сој. Исто така бројот на инфицирани не само што забрзано расте, туку овие пациенти се со потешка клиничка слика и за жал во пораст е и смртноста, нагласи д-р Балажи.

Посочи дека младите не се поштедени овој вирус и имало неколку деца на десетина години, кои се лекувале во Општата болница, од кои еден млад пациент поради тешка клиничка слика бил упатен на натамошно лекување на скопските клиники.

Тој потсети дека притисокот на се поголемиот број на новозаболени е евидентен, а тоа го потврдува и максималниот број на пациенти кои дневно се прегледуваат, снимаат им се зема лабораториски наод или се тестираат.

-Најдобра потврда дека состојбата со Ковид-19 во нашата општина од ден на ден се влошува е секојдневниот наплив на нови пациенти, кои се снимаат на рентген, прават лабораториски анализи или се тестираат.

Нашиот дневен лимит од 30 пациенти секојдневно е пополнет, а поради потешка клиничка слика на дел новозаболени, правиме вонредни анализи и прегледи, за да им излеземе во пресрет и на нив.

Иако бројот на хоспитализирани секојдневно расте, сепак имаме уште петнаесетина слободни кревети, кои им стојат на располагање на потешко болните од нашиот град, додаде докторот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седницата на која се расправа за „францускиот предлог“, ќе продолжи утре

Редакција

Патниците од Македонија од утре ќе може да влезат во Холандија без никакви ограничувања

Редакција

МОСТ: Сите гласачки места се отворени навремено и нема проблеми

Редакција