еМагазин
Image default
Македонија

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски.

Во моментов останува да важи старата одлука, односно дека границите се отворени, рече Спасовски при денешната посета на Чучер Сандево.

– Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на проценка стручните лица. Ако се согледа каква било потреба, ако се согледа дека има потреба да се преземат мерки, тогаш ќе се разговара на Влада.

Засега Владата нема донесено никаква одлука, и во моментов важи старата, односно дека границите се отворени, изјави Спасовски.

Поради влошувањето на сосотојбата со коронавирусот и во соседните земји, за денеска беше најавен состанок на Комисјата за заразни болести на кој, според најавите, требаше да се разговара за евентуално затворање на границите или за други превентивни рестриктивни мерки.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија за 2 дена веќе има 293 новозаразени со Ковид-19, а ЕУ за да ни ја отвори границата бара под 400 за 14 дена

ЕУ за сега тешко да ја „дигне“ рампата, препорака за затворање на границата со Србија и Косово се уште нема

Утре Комисијата за заразни болести ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Димитров

Редакција

Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците се во приоритетните групи, вели Филипче

Редакција

САД разочарани од Силјановска, ќе следат дали новата влада ќе го почитува Договорот од Преспа, вели посекретарката на Стејт департментот

Редакција