Невреме го зафати попладнево Неготино. Дел од улиците во градот се поплавени.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Илиев потврди за МИА дека на одредени места има потреба од извлекување вода со пумпи и дека ќе се интервенира на терен.
На 6 јули 1995 година градот беше зафатен од голема поплава. Денешното невреме се случува всушност, ден пред 25-годишнината од последната голема поплава во Неготино.
МИА/Фото: Димитар Стојков/Викепедија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.