Министерот за надворешни работи Никола Димитров и носител на изборна листа во единицата, објави фотографии на кои што рибари на Беличка река.
„Дружба со весели рибари во преубавата природа на Поречието, местото каде исконски бистрата и кочан ладна Беличка Река се слива во Треска. Си фатив и една сребрена попадика. Ја пуштив назад, со молба да ми исполни една желба,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.
Носителката на изборна листа во единицата на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова му порача дека тоа не се прави во бела кошула и фармерки и праша дали тој има дозвола за рибарење.
„Супер е што се занимаваш со спортски риболов, Никола. Нас не интересира дали имаш легитимација за рекреативен риболов за 2020 година и дали врз основа на тоа имаш извадено дневна дозвола за риболов на соодветната локација? Ако немаш, тогаш риболовот е криволов!
П.С. Риби не се ловат во фармерки и бела кошула,“ напиша Силјановска Давкова на нејзиниот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Царовска во кафеана станува да игра на „Муштулук“, а Манчевски на „Несаница“
Фото: Фејсбук/Димитров