Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои најголем број места на парламентарни избори што вчера се одржаа во Хрватска.
Според првичните резултати, ХДЗ освои 71 од вкупно 151 место во хрватскиот парламент пред опозициската коалиција на левиот центар Рестарт на чело со Социјалдемократската партија која освои 45 мандати.
Хрватските медиуми коментираат дека станува збор за изненадување и дека големо влијание врз резултатите имало справувањето со кризата од корона вирусот.
Фото/Видео: Elteboro.org/Youtube/BHRT
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.