еМагазин
Image default
Балкан

Во Србија задолжителна употреба на кирилица, казни до еден милион динари

Српската Влада, на предлог на Министерството за култура ќе формира Совет за српкиот јазик, кој ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на службената и јавната употреба на кириличното писмо.

Советот ќе има девет члена кои заедно со Одборот за стандардизација на српскиот јазик ќе бидат одговорни за стандардизација, негување, подобрување и заштита на писмото и на службениот јазик .

Како што пишуваат Вечерни Новости, овој нов предлог треба да се применува со новиот Закон за службената употреба на јазикот и писмото.

Според него, целосната комуникација на државните, покраинските и на органите на локалната самоуправа ќе мораат да бидат на српски јазик и на кирилично писмо.

Истото ќе важи и за образовните и научните институции и за медиумите на кои освивач им е државата, кои имаат државен капитал, како и за електронските медиуми со национални, регионални и локални фрекфенции.

Кириличната азбука ќе биде задолжителна и за сите јавни претпријатија и институции и компании со мнозински државен капитал, како и професионални и струкови здруженија кои ја претставуваат својата област на национално и меѓународно ниво.

Членовите на Совет за српкиот јазик ќе бидат назначени од Владата на Србија, а извештај за работата ќе му доставуваат до Собранието најмалку еднаш годишно. Пет члена од Советот ќе предлага комисијата за стандардизација на српскиот јазик,а четири министерството за култура и образование.

“Советот анализира и дава мислење за состојбата на службениот јазик и на матичното писмо во Р. Србија и на српското јазично подрачје, дава предлози во креирањето и спроведувањето на јазичната политика, дава предлози за развој и унапредување на состојбата на официјалниот јазик и на матичното писмо”, се вели во документот во кој “Новости” имаше увид.

Предложениот закон ја дефинира латиницата како помошно писмо, и доколку нешто се испишува на двете писма, кирилицата мора да има приоритет.

Ако институциите што се должни да ја користат кириличната азбука ја прекршат оваа одредба, одговорното лице ќе се казни со парична казна од 5.000 (42,35 евра) до 100.000 динари (847 евра).

Казната за фирмите кои со латиница ќе го испишат името на стоките и услугите, упатството за употреба, декларацијата или гарантниот лист ќе биде од 500.000 до еден милион динари (8.470 евра).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија запленети 23 тони шверцувано месо од Бразил

Редакција

(ВИДЕО) Срби играа фудбал на границата со Македонија за да им помине времето на чекање поради гужвата и долгите колони

Редакција

Откажа заедничката седница на владите на Албанија и Косово, Курти го налути Рама

Редакција