еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Минималните трошоци во јуни на едно четиричлено семејство 33.487 денари

На едно четиричлено семејство во јуни му биле потребни 33.487 денари за да ги покрие основните животни трошоци.

Според податоците што ги објави Сојузот на синдикати за синдикалната минимална кошница покажуваат дека 42,90 проценти од синдикалната кошница отпаѓаат на храна и пијалоци, а 31,12 проценти на трошоците за домување.

Тоа значи дека за храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 14.366 денари, а за подмирување на трошоците за домаќинство 10.422 денари.

Минималните трошоци за превоз биле 2.447 денари, а за хигиена 2.330 денари. За облека и обувки биле потребни минимум 2.144, а за културни активности остануваат 1.066 денари.

Во споредба со податоците за минималната синдикална кошница од април, во јуни биле потребни повеќе пари за храна и пијалоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нето надворешниот долг на Македонија 4.4 милијарди евра

Редакција

Музичарите бараат нивно вклучување во петиот пакет мерки за финансиска помош

Редакција

Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците

Редакција