еМагазин
Image default
Македонија

Заев за „бомбата“: ДУИ не вреди пет пари на пазарот на гласови

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се огласи на својот Фејсбук за новата „бомба“ објавена денеска на Јутјуб.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска.

Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери“, напиша Заев на Фејсбук.

Вели дека не само со зборови, туку и на дело ја покажал и ја докажал својата љубов и почит кон Албанците.

„Го донесовме Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство“, напиша Заев.

Заев наведува дека целата јавност имала можност да слушне дека тој не го изговара никаде тој збор што е навредлив, како што вели, за моите сограѓани Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор.

„Ваквите ниски и очајни обиди само ме охрабруваат уште посилно да дејствувам за концептот едно општество за сите, чиј предводник сум.

Ќе продолжам тоа да го правам и понатаму, со достојна почит кон сите мои сограѓани од сите етнички заедници. Објавата на оваа срамна манипулација уште еднаш докажува дека глас за ДУИ е глас за Мицкоски и Груевски“, пишува Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Нова „бомба“ за Заев: Колку вредат албанските гласови?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватскиот Сабор го ратификува протоколот за влез на Македонија во НАТО

Редакција

Ќе се согласат ли ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со промена на изборниот модел во пресрет на изборите?

Редакција

Закани и навреди врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, осуда од ЗНМ и СЕММ

Редакција