еМагазин
Image default
Македонија

На респиратор двајца пациенти со Ковид-19: Како изгледа состојбата по болниците

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 376: Починаа уште 8 пациенти од Ковид-19

Убава вест: 120 оздравени лица од Ковид-19, од кои 94 се од Скопје

Нови 199 случаи на Ковид-19, во Скопје 90, во Свети Николе 24

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

Редакција

(Видео) Протест на ВМРО-ДПМНЕ против „мафијата и за слобода и правда“

Редакција

Новинарот Љупчо Златев обвинет за одавање службена тајна

Редакција