еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со два воени авиони утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45. македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.

-Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов на новинарско прашање по посетата на Општина Штип.

Од Министерството за надворешни работи исто така најавија дека утре претпладне, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Република Бугарија.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„На 500 евра плата се замарате со 100 денари за една патарина што ќе биде… срамота„: Твитер реакции

Редакција

Собранието вработува 12 службеници

Редакција

Дрин Ахмети на „тапет“ на Антикорупциска за дозволите за хидроцентралата

Редакција