Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира дванаесет новозаболени лица од Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
Од нив, седум се од Куманово, пет се од општина Липково и според надлежните, сите новозаболени веќе имале контакт со веќе потврдени случаи.
Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, Ковид дијагностицирани се 880 лице од кои во моментов активни се 212 случаи.
МИА/Фото: Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 198 случаи на заразени со корона вирусот од 1.382 тестирања, 83 во Скопје
Починаа уште четворица заразени од корона вирусот, вкупната бројка е 393
Убава вест: Оздравеа нови 97 заболени од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 4.565