Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок со кои се вршат исправки на технички грешки во заклучокот за објавување на конечните неофицијални резултати од парламентарните избори одржани на 15 јули, годинава.
Во новиот заклучок се вели дека вкупниот број на запишани избирачи е 1.814.263, додека во првиот заклучок оваа бројка изнесуваше 1.814.236.
Исто така, промена има и кај вкупниот број избирачи што гласале кој сега изнесува 943.750, а претходно изнесуваше 942.334.
Вкупниот број важечки гласачки ливчиња по корекцијата изнесува 912.186, а претходно изнесуваше 910.868.
Вкупниот број неважечки гласачки ливчиња сега изнесува 31.564, а претходно изнесуваше 31.466.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе 425 приговори за изборите до ДИК, се најавуваат уште
Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15
Фото: МИА