еМагазин
Image default
Македонија

Левица поднесе 425 приговори за изборите до ДИК, се најавуваат уште

По бројните нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати, политичката партија Левица преку овластеното лице во Државната изборна комисија (ДИК) досега поднесе 425 приговори за нарушување на изборниот процес до ДИК, соопши партијата.

„Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.

Со овие манипулативни активности директно е оштетена политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани.

Дополнително, ја известуваме јавноста дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денов, се до завршување на законскиот рок од 48 часа“, информираат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесени 82 приговори за изборите до ДИК, рокот истекува денеска

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Боки13 со лисици на распит во Кривичен, претрес во 1ТВ и домот на неговите родители

Редакција

Заев: Поддржуваме промена на изборниот модел во една изборна единица

Редакција

56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција