еМагазин
Image default
Бизнис

Позитивни на корона вирусот 53 работници од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе

Во светниколската конфекција „Мода“ вкупниот број заразени работници изнесува 53 откри скринигот, кој го направи компанијата.

Последните резултати од тестирањето се пристигнати утринава, кои покажаа дека на претходните 45 се додаваат уште осум работници позитивни на Ковид-19.

Директорот на „Мода“ АД–Свети Николе, Ангел Димитров вели дека во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека по добивањето на последните резултати во најголемата фабрика во Свети Николе очекува веќе наредната недела да се намалуваат бројките на заразени, бидејќи колку се активни, толкав број на граѓани се и во изолација.

Според здравствената состојба на заразените 80 отсто од нив се асимптоматски, додека потешки случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради заболени работници со Ковид-19, светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните

Свети Николе за неколку дена стигна до 105 активни случаи на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гересхајмер“ отвара нова фабрика во ТИРЗ, најголема инвестиција од основањето на зоните

Редакција

Предлог-буџетот за 2023 година усвоен од Владата: За што ќе се трошат парите на граѓаните

Редакција

Нова листа должници на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 163 милиони евра

Редакција