еМагазин
Image default
Бизнис

Поради заболени работници со Ковид-19, светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните

Светиниколската фабрика „Мода“ го затвара погонот по добивањето на резултатите од скринингот на 210 работници, информира градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски.

-Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од Ковид-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ одлучи, од денес 10 јули, петок да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во истите во наредните денови, вели Велковски.

Велковски е информиран дека сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг тест со цел утврдување на точната бројка на број на заболени лица и секако спречување на ширење на заразата.

Вкупната бројка до денеска на заболени од Ковид-19 во Свети Николе е 79 лица.

-И понатаму апелирам до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од коронавирусот, вели Велковски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе

Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Ресен и Штип со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановската „Делукс-ауто“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на 13 возила „тежок“ 325.000 евра

Редакција

Шпаркасе групацијата купи 91,57 ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

Редакција

Што предвидува бизнис-планот на Алкалоид за годинава

Редакција