еМагазин
Image default
Бизнис

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе

Ги преземаме сите мерки против коронавирусот, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе, изјавија денеска за МИА од германската фабрика „Дрекслмајер“, по информациите дека трет работник од компанијата е позитивен на вирусот Ковид-19.

– Постојано сме во контакт со епидемиологот и надлежните институции, сите мерки пропишани од надлежните се преземаат во работната околина, плус дополнителни мерки за превенција и заштита.

Ние дури проверуваме и дали работниците кои се во самоизолација ги почитуваат препораките, се со цел да не се движат наоколу и несакајќи да бидат ризик за другите, појаснија од фабриката со околу шест илјади вработени од повеќе општини, најголем работодавач во државата.

Оттаму нагласија дека сите од работното опкружување на работникот, трет случај позитивен на вирусот, се испратени во двонеделна самоизолација. Посочија дека просториите редовно се дезинфицираат и се носи заштитна опрема. Сите три случаи не биле поврзани меѓу себе и најверојатно се заразиле во нивното приватно опкружување.

МИА/Фото: Дрекслмајер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во Дрекслмајер нов позитивен случај на коронавирус во Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Мермерен комбинат Периклис Николау си поднесе оставка

Редакција

Владата подготвува измени на законот за лекови и медицински помагала

Редакција

Топ 10 најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција