Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова потврди дека корона вирусот веќе е влезен во Домот за стари лица во Радовиш.
Позитивни на вирусот се двајцата вработени и три лица корисници на услугите во овој дом.
Екипа од Центарот за јавно здравје-Штип била на увид во Домот за стари лица, тестирани се корисниците на услуги, додека сопственикот на домот направил приватен скрининг на вработените.
Старите лица кои се зарзени со корона вирусот веќе се хоспитализирани во Штип и Скопје.
МИА/Фото: Општина Радовиш
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штип ново жариште: Рекордни 60 новозаразени со корона вирусот
Болниците се полнат со заразени од корона вирусот, во потешка состојба 49 лица
Починаа уште осум лица заболени од корона вирусот, вкупно 414
Рекордни 241 нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија