еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Партиите ја „окупираа“ ДИК: Поднесени 2.141 приговор за изборите, дури 1.982 од Левица

До Државната изборна комисија (ДИК) вчера до 19:30 часот кога истече рокот, поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Попладнето пред истекот на рокот 1.982 приговори поднеле од Левица, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори.

Претходно беа поднесени 82 приговара, од кои најголем број – 74, се исто така од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, нема поднесено приговори за овие избори.

Синоќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК се очекува да закаже седница утре, а нјдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК „најде“ технички грешки во изборните резултати: Повеќе важечки и неважечки ливчиња

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „поцрвене“ за фудбалскиот стратег: Да беше Мурињо од Битола ќе го викаа „Диреко“

Редакција

Со изведување на докази од Обвинителството, продолжи судењето за случајот „Софтвери“

Редакција

Најмалку 40 жртви во Израел по нападот на Хамас

Редакција