еМагазин
Image default
Македонија

ДИК отфрли 1.478 приговори за изборите од Левица бидејќи биле без потпис

Државната изборна комисија (ДИК) ја започна седницата на која ги разгледува и одлучува по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори.

Членовите на Комисијата отфрлија 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, бидејќи немале потпис од овластено лице.

Вкупно 151 приговор поднесе и Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива.

Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

СДСМ не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партиите ја „окупираа“ ДИК: Поднесени 2.141 приговор за изборите, дури 1.982 од Левица

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: За сега нема одлука за полициски час или ограничување на движење

Редакција

Нови 999 случаи на Ковид-19 од 3.627 тестирања

Редакција

Советот на ЈО повторно го одложи изборот на шефови на Вишите јавни обвинителства Скопје и Гостивар

Редакција