еМагазин
Image default
Македонија

Четворица новозаразени и петмина оздравени од коронавирусот во Кичево

Во Кичево денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирусот, а пет други ја добиле битката со болеста, покажуваат податоците на Министерството за здраство, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во кичевската општина достигна 109, од кои 85 се активни, 19 се излекувани, а пет лица починаа.

– Четирите новозаболени лица се во добра општа здраствена состојба и се лекуваат во домашни услови под контрола на нивните матичени лекари и тие се во изолација.

За среќа денеска имаме пет лица што ја добиле битката со вирусот, изјави д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Починаа тројца нови пациенти од корона вирусот, од Скопје, Дебар и Струмица

Нови 123 случаи на Ковид-19 од 1.312 тестирања, најмногу во Скопје, Штип и Гостивар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шаќир Фетаху избран за нов поглавар на ИВЗ

Редакција

Мицкоски му одговори на Вархеји: Народот е тој што кажува дали се поминати црвените линии

Редакција

Нови кадровски решенија во Царинската управа, затворот во Битола, Управата за водостопанство…

Редакција