еМагазин
Image default
Локално

Две деца на 12 и 13-годишна возраст тешко повредени од автомобил на „Партизанска“, возачот побегнал

На 24.07.2020 во 22.00 часот на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ и ул.„Аминта Трети“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19) од Скопје, удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што го напуштил местото.

По незгодата децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа

Редакција

Скопјанка нападната во адвокатска канцеларија

Редакција

(Видео) Изгоре дел од галијата во Вардар кај хотелот Холидеј Ин која требаше да се урне

Редакција