еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир и Аеродром со ист број на активни случаи на Ковид-19

Убава вест: Рекордни 534 новооздравени од корона вирусот, во Скопје 353

Починаа шест нови лица од корона вирусот, помеѓу кои и 34-годишен заболен

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски од Собранието: Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака кон опозицијата

Редакција

Осум медицински лица од гостиварската болница заразени со Ковид-19

Редакција

Касами, Меџити и Гаши не се оградија од знамето со карта на „Голема Албанија“ кое се вееше во Тетово

Редакција