Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за процена за понатамошно ширење на Ковид-19 во Македонија заклучно со 26 јули покажуваат дека Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во четврта фаза.
„Според категоризацијата на ризикот од Светска здравствена организација (СЗО), се проценува дека:
Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
Гостивар, Свети Николе, Струга, Охрид, Кичево и Дебар се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во 4 фаза: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19
24 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница