еМагазин
Image default
Бизнис

„Фруктал Мак“ со загуба од 4,9 милиони денари за шест месеци

„Фруктал Мак“ АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари негативен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Оперативните вкупни приходи изнесуваат 198.227.000 денари. Во споредба со остварените вкупни приходи од минатата година за истиот период се бележи зголемување.

„Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 195.287.000 денари и бележат зголемување од 1 отсто.

Финансиските приходи изнесуваат 333.000 денари и се со намалени во однос на минатата година.

Оперативните расходи за период од 01.01-30.06 2020 година изнесуваат 209.549.000 денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата година од 13%.

Финансиските расходи изнесуваат 2.000.000 денари и и се со раст во однос на минатата година.

Остварената нето загуба  за периодот 01.01-30.06 2020 година изнесува -4.952.000 наспроти остварената нето добивка од 12.556.000 денари истиот период претходната година“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија осигурување Виена иншуренс груп ќе дели дивиденда

Редакција

Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед

Редакција

Нема криза за вработувања по министерства и институции

Редакција