Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) не се согласува со најновите мерки што денеска ги предложи Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на вработените во јавниот сектор.
– Како синдикат сметаме дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од Ковид-19.
Мнозинството од работници се веќе вакцинирани, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор.
Како КСОМ ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело, се вели во реакцијата.
Според КСОМ, задолжителната вакцинација е неуставна и доколку се спроведе, најавуваат синдикални протести и покренување на иницијатива пред Уставниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора
Фото: МЗ